Top Sport

Анчелоти проговори за Баерн: Тие не сакаа да се сменат

Карло Анчелоти првпат проговори за своето отпуштање од тимот на Баерн Минхен, откривајќи дека во Германија наишол на „филозофски проблем“ бидејќи Баварците едноставно „не сакале промени“.

Новиот тренер на Наполи стигна до титулата од Бундеслигата во првата сезона на клупата на германскиот гигант, но беше отпуштен на почетокот на минатата сезона по тешкиот пораз од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите. На негово место беше донесен ветеранот Јуп Хајнкес, кој ја освои германската титула, по што оваа сезона клубот се одлучи за Хрватот Нико Ковач.

„Искуството во Баерн беше навистина необично. Работите не одеа лошо, победивме речиси во сите натпревари во септември. Меѓутоа, имаше мал филозофски проблем, бидејќи тие одбиваа секаква промена. Јас сакав промени“, вели Анчелоти.

Тој сега се наоѓа во позиција да го замени Маурицио Сари, откако новиот тренер на Челси лани ги предводеше „партенопеи“ до второто место и беа најблизок ривал на Јувентус во Серија А.

„Секогаш мораш да земеш во предвид што било направено, но секој тренер има сопствени идеи, кои мораат да се имплементираат постепено, без да се загубат добрите работи во минатото. Сакаме да додадеме нешто повеќе на клубот и не знам колку тешко ќе оди тоа“, признава Италијанецот.

Scroll to Top