Тренерот на Тенеси тајтанс, Мајк Врабел изјави дека би си го отсекол пенисот во „замена“ за титула од НФЛ Супер болот оваа сезона.
43-годишниот тренер на Тајтанс освои три титули од Супер болот како играч покрај Том Брејди во Њу Ингланд патриотс, но уште е далеку од шампионскиот прстен како тренер.
„Дали би го исекол пенисот за Супер бол титула? Видете, во брак сум 20 години, така што да, најверојатно би го направил тоа. И вие еден ден ќе имате 20 години брак и ќе сфатите дека веќе не ви треба“, вели Врабел.
Во својата деби-сезона како тренер, Врабел со Тајтанс во 16 меча победи 9 пати. Тенеси никогаш го немаат освоено Супер болот и само еднаш играа во големиот меч, губејќи од Сент Луис рамс во 2000.