Top Sport

Вржошек трипати беше на подот па го „здроби“ Бадр Хари

Полјакот Аркадијуш Вржошек стигна до спектакуларна победа над мароканскиот ветеран Бадр Хари, враќајќи се од три нокдауни во еден од најневеројатните враќања во историјата на борбените спортови.

Во главниот меч на „Глори 78“ во Ротердам, Холандија, кик-бокс легендата Хари беше блиску до доминантна победа по трите нокдауни во првите две рунди, и со уште една ќе стигнеше до технички нокаут, пред Полјакот да има спектакуларен удар во главата кој го „уништи“ Хари.

За 36-годишниот Хари ова е уште еден неславен пораз во првиот меч од декември и тој има само една победа во последните шест години.

Scroll to Top