Top Sport

Саутгејт ги искара Англичаните: Не ги провоцирајте противничките навивачите

Англискиот селектор Герет Саутгејт ги повика своите фудбалери да покажат малку „скромност“ и да престанат да ги провоцираат противничките навивачи по нивната прослава со „пиење пиво“ против Унгарија во меч кој предизвика многу контроверзи.

Деклан Рајс и Џек Грилиш се преправаа дека пијат пиво од пластичните чаши кои беа фрлени кон нив при прославата на головите при 4:0 победата во меч кој беше одбележан со наводни расистички навреди кон Рахим Стерлинг и Џуд Белингам на „Пушкаш арената“.

Саутгејт призна дека однесувањето на унгарските фанови е неприфатливо, но посочи дека и Англија треба да направи многу во борбата против расизмот и додаде дека фудбалерите не треба да ја подгреваат атмосферата.

„Мораме да бидеме малку внимателни околу нашите активности со публиката како пред некој ден. Знам дека дел од работите не беа прифатливи, но и ние малку ја загреавме ситуацијата. Момците мораат да бидат свесни дека треба да бидат скромни. Игравме добро, но треба да бидеме професионалци. Ќе играме со истите репрезентации и во иднина и не треба да им даваме дополнителна мотивација со нашето однесување“, вели Саутејт.

Англија и Унгарија во вербална „војна“, ФИФА најави истрага

Scroll to Top