Освојувачот на бронзениот медал во конкуренција на двојки во карлинг, Русинот Александар Крушелнитскиј го напуштил Олимпиското село во Пјонгчанг и ги вратил своите акредитации бидејќи се наоѓа под истрага дека користел допинг.
Крушелнитскиј со сопругата Анастасија Бризгалова, која со својата убавина како магнет ги привлекува фото-репортерите во Пјонгчанг, морал да се повлече од Игрите бидејќи во неделата се појави информација дека бил позитивен на сусптанцата мелдониум, поради која Марија Шарапова беше суспендирана 15 месеци.
Оваа сусптанца се користи во лекувањето на срцевите болести, но кај спортистите ја зголемува физичката издржливост, ја збрзува рехабилитацијата, штити од стрес и ја подобрува работата на централниот нервен систем.
На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг до овој, беше забележан само еден случај на допинг. Јапонскиот репрезентативец во брзо лизгање Кеи Саито е суспендира и тој уште минатата недела го напушти Пјонгчанг.