Top Sport

Вуди Харелсон го „украде“ шоуто во финалето на двојки на Вимблдон (видео)

Хуан Себастијан Кабал и Роберт Фара стигнаа до победа по речиси четири часа тенис во финалето на двојки, но вистинско шоу направи холивудскиот актер Вуди Харелсон, кој очигледно беше по дејство на некои супстанции.

Колумбиската двојка со 6:7(5)/7:6(5)/7:6(6)/6:7(5)/6:3 ги победи Французите Никола Мау и Едуар Роже-Васлен во маратонско финале кое заврши со тенисерите на тревата од исцрпеност.

Но ТВ-гледачите беа фокусирани кон Харелсон, кој очигледно се чувствуваше многу добро, иако во еден момент стјуардите не му дозволија да се врати на своето седиште.

Scroll to Top