Италијанскиот шампион, Елија Вивијани го задржа светскиот шампион Петер Саган и својот сонародник Џакомо Ницоло за да победи на 10. етапа на Вуелта Еспања, негов втор успех на овогодишната трка.
На рамната етапа од 177 километри од Саламанка до Бермилјо де Сагајо, Вивијани доби фантастична поддршка од својот Квик-Степ тим, за да стигне до неверојатната 17. победа оваа сезона и 60. за неговиот белгиски тим.
Тој направи предност од два велосипеда за да го совлада Словакот Саган, за кого ова е третпат на овогодишната шпанска трка да заврши на второто место. Колумбиецот Нелсон Сото (Каха-Рурал) и Французинот Марк Соро (ФДЈ) го комплетираа топ 5.
Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот) имаше несреќа на 15 километри пред крајот откако му се дупна гумата, но на крајот ја задржа лидерската црвена маичка со предност од една секунда пред шпанскиот ветеран Алехандро Валверде (Мовистар).
Фото: ЕПА
Etapa 10 | Stage 10 #LaVuelta18
?? Vive el último kilómetro de la victoria de @eliaviviani gracias a @CarrefourES
?? Live the last km. of Viviani’s victory thanks to @CarrefourES#CarrefourConLaVuelta pic.twitter.com/3kGg8vmatg— La Vuelta (@lavuelta) September 4, 2018
? Etapa 10 | Stage 10 #LaVuelta18
?? Clasificación General | General Classification
+ info ➡️ https://t.co/7s84I3FjHm pic.twitter.com/GmUukSbH1o
— La Vuelta (@lavuelta) September 4, 2018