Top Sport

За две недели ќе падне рекордот на Федерер – Ѓоковиќ најмалку 316 недели ќе биде број 1

Новак Ѓоковиќ, денес, ја започна 309. недела, на челната позиција на АТП листата. Со триумфот на Австралија опен, српскиот тенисер, си обезбеди уште најмалку седум недели на првата позиција, односно сигурно ќе биде број 1 до 19.април.

Ѓоковиќ за две недели, ќе го собори рекордот на Роџер Федерер, кој во кариерата 310.недели бил број 1.

Во овој момент, Ѓоковиќ има 12.030 поени, Рафаел Надал е втор со 9.850, а финалистот на Австралија опен, Данил Медведев се искачи на третото место. Рускиот тенисер има 9.735 поени. За него ова е најдобар пласман во кариерата.

Медведев има 610 поени повеќе од Доминик Тим, кој не успеа да ги одбрани поените што ги освои во Мелбурн минатата сезона.

Понатаму на листата следуваат Роџер Федерер, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Scroll to Top