Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) им порача на сите учесници на Зимската Олимпијада во Пекинг следната година дека мораат да се воздржат од секс и од забави како дел од заштитата од КОВИД.
На спортистите им се порачува да имаат „минимална физичка интеракција“ со другите спортисти, да носат маска, да ги избегнуваат сите затворени простории и да оддржуваат растојание од два метри додека се во Кина. Тие исто така им порачаа дека сите ноќни активности и пиење алкохол ќе бидат забранети.
Спортистите кои нема да се вакцинирани ги очекува 21-дневен карантин во хотел при пристигнувањето во Пекинг, тие ќе можат да патуваат само во „одредени возила“ помеѓу дозволените локации, а нема да биде дозволен ниту контакт со јавноста, ниту со некој кој не е во „кругот“ на спортистите – тренерите, лекарите, судиите… Ако не пројават желба да учествуваат на Свеченото затворање на Игрите, спортистите мораат да си заминат од Кина во период од 48 часа од крајот на нивото натпреварување.
Ова се далеку построги правила од тие кои важеа на Летната Олимпијада во Токио, и ИОЦ предупредува дека сите прекршувања на правилата ќе резултираат со губење на акредитација, дисквалификација или финансиска казна.
Зимската Олимпијада стартува на 4 февруари.