Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својот профил на Фејсбук ја коментира суспензијата на руската репрезентација од Зимските олимписки игри во Пјончанг.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го суспендира Олимпискиот комитет на Русија од Игрите во Јужна Кореја, но на руските спортисти им е дозволено да настапат во Пјонгчанг.
Тие ќе можат да се натпреваруваат како неутрални спортисти, под името „Олимпијци од Русија“, без знаме и химна.
„Никако не можат да не срушат. Ниту со светска војна, ниту со распадот на Советскиот сојуз, ниту со санкции…Ние преживуваме. Не треба да има руски спорт. Светските прогнози на планираа дека Русија ќе се врати како светска сила: малдината требаше да спие, стадионите да бидат претворени во продавници за облека, а тренерите да работат во други репрезентации“, напишала Захарова.
Таа ги истакнала и достигнувањата на руските спортисти и како што вели „спортот во Русија станал една од националните идеи“.
„Цело време се обидуваат да ни докажат дека е бесмислено се што е наше – начинот на живот, културата, историјата, а сега и спортот. Дали боли? Многу. Со душа и срце сум со нашеите спортисти. Дали ќе преживееме? Да“, дополнила Захарова.
Рускиот олимписки комитет, но и претседателот на државата Владимир Путин, не ја исклучија можноста да го бојкотираат натпреварувањето кое во Јужна Кореја ќе започне на 9.февруари, доколку им биде забрането на настапат на Зимската олимпијада.