Top Sport

Занарди во критична состојба по несреќата во Пијенца

Поранешниот Формула 1 возач Алекс Занарди доживеа тешка несреќа во хендбајк трката во Пијенца, Италија. Легендата удрил во камион.

Занарди со хеликоптер веднаш бил пренесен во болница каде му била извршена операција на главата. Според извори од болницата тој се наоѓал во критична состојба бидејќи операцијата била многу сложена.

Поранешниот Формула 1 возач, во 2001 година во Германија доживеа тешка несреќа поради што му беа ампутурани нозете. Оттогаш тој се натпреварува во хендбајк, каде 12 пати бил шампион, а успеал и да освои четири златни медали на Параолимписките игри.

Scroll to Top