Top Sport

Започна кампањата за третото издание на „Охрид трчаТ“

Под мотото „Трчај, забавувај се и уживај во убавините на Охрид“, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ја започна кампањата за третото издание кое ќе се одржи на 2. јуни следната година.

Пријавувањето за учество, за следното, трето издание на најголемата и најмасовната спортска манифестација ќе започне во среда (19. декември), а организаторите најавуваат многу новитети, но задржување на забавата, музиката, дружењето и трчањето што го краси „Охрид трчаТ“.

„Организациски стартувавме со кампања за третото издание на Охрид трчаТ, а со пријавување ќе започнеме од следната среда. Работиме напорно да го задржиме квалитетот и да внесеме што повеќе новитeти со кои ќе го кренеме настанот едно или две нивоа погоре“, изјавија од „Охрид трчаТ“.

Понудата останува иста односно вљубениците во трчањето можат да учествуваат на 5 и 10 километри или тим билдинг трката која се трча на 5 километри.

Scroll to Top