Top Sport

Шок во Селтик, Грифитс стави крај на кариерата (Видео)

Шкотскиот напаѓач, Ли Грифитс, објави крај на кариерата. Со оваа своја одлука тој ги шокирал навивачите, тренерот Брендан Роџерс и клупските челници. Грифитс има 28 години, а дресот на Селтик го носел од 2014 година.

Медиумите шпекулираат за можните причини, поради кои Грфитс решил да ја заврши кариерата. Како причина за ваквата одлука ги наведуваат честите повреди, но не ја отфрлаат и теоријата дека тој има психички проблеми поради проблемите со коцкањето.

„Грифитс дојде до точката кога животот му се претвори во вистинска борба. Ние ќе се обидеме да му овозможиме професионална помош за да се врати на вистинскиот пат“, рекол тренерот Роџерс.

Грифитс кариерата ја започнал на 16-годишна возраст во Ливингстон, а пред да потпише за Селтикс во 2014 година, играл за Данди, Вулверхемптон и Хибернијан.

Во дресот на Селтик одиграл 203 натпревари, на кои постигнал 103 гола и забележал 45 асистенции. Вкупно во кариерата има одиграно 435 натпревари, на кои постигнал 214 гола.

Scroll to Top