Top Sport

Започнува Вимблдон, Синер и Швјонтек ги бранат титулите – Лина Ѓорческа игра утре

Попладнево започнува неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон. Третиот Гренд слем во сезоната ќе го отворат бранителот на титулата Јаник Синер и српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Мечот на Централниот терен ќе започне во 14.30 часот.

Годинешното издание на Ви,блдон е историско за македонскиот тенис. Прв пат во историјата, Македонија има претставник на главниот турнир. Лина Ѓорческа се избори за пласман на турнирот, откако мина три квалификациски рунди.

Ѓорческа, утре ќе ја отвори програмата, нејзина противничка ќе биде ланската финалистка, во моментотв шестопласираната на ВТА листата, Аманда Анисимова.

Дуелот на Ѓорческа и Американката е закажан за 12.00 часот, а ќе се игра на Теренот број 2.

Инаку и оваа година, Макфакс и Топспорт ќе имаат свој известувач од најпрестижниот тениски турнир во светот.

Фото: Ненад Живановски-Столиќ

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');