Јапонската влада и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе ги започнат преговорите за одложување на Олимписките игри во Токио. Повикувајќи се член на владата весникот „Сакаи“ објави дека Игрите би биле одложени на најмногу една година.
Според овој извор јапонскиот премиер Шинзо Абе и претседателот на ИОК Томас Бах во текот на денот телефонски ќе разговараат за одложување на Игрите.
Олимписките игри во Токио на програмата се од 24 јули до 9 август.
Одложувањето на Игрите ќе претставува голем финансиски удар за домаќините. Јапонија во организацијата вложи повеќе од 12 милијарди долари.