Top Sport

Заврши сезоната за Хуркач

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач објасни зошто нема да настапи на Олимписките игри во Париз.

Хуркач во моментов е седмиот тенисер во светот, што е негов најдобар пласман во кариерата, а поради повреда на коленото се повлече од Олимписките игри во Париз.

Популарниот „Хуби“ вели дека лекарите го советувале да не игра тенис до Австралија во 2025 година.

„Се борев да играм на Олимписките игри, но не успеав. Не можев. Би било премногу опасно да играм во Париз веднаш по повредата. Разговарав со лекарите и осум од десет рекоа дека најреално е да играм следната година во Австралија“, изјави Хуркач.

Scroll to Top