Поранешната светска вице-шампионка во скок во далечина, Русинката Дарја Клишина открива дека добила сериона понуда да стане „скапа кол-герла“ во САД, прашувајќи ги фановите дали лични на жена која би се одлучила за таква кариера.
29-годишната Клишина, која подолго време живее во Атланта, Џорџија, вели дека понудата била сериозна и дека таа би заработила многу пари.
„Дали можете да го замислите тоа? Ми беше понудено да бидам девојка за придружби пред шест месеци. Навистина бев шокирана. Непознат човек ми прати порака на Инстаграм, и веднаш ја одбив. Но тој беше упорен. Ми ветуваше заработувачка од 200.000 долари месечно. Дали навистина изгледам дека би прифатила таква понуда?“, вели Клишина во интервју за „Спорт.ру“.
Клишина, која во кариерата освои и злато на ЕП во сала, вели дека исто така добива понуди да се појави во магазинот „Максим“, но вели дека таа е само „скромна девојка“ која не сака такво внимание. Во 2016 година, таа беше единствената руска натпреварувачка во атлетика на ОИ во Рио де Жанеиро, бидејќи беше дел од американската анти-допинг програма.