Онс Жабур и Арина Сабаленка ја формираа првата четврт-финална двојка, на женскиот дел од третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон. Двете тенисерки одиграа по три сета во осмина-финалето, Жабур ја победи Ига Швјонтек (5/7, 6/1, 6/1), додека Сабаленка славеше над Елена Рибакина (6/3, 4/6, 6/3).
Жабур е најголемото изненадување, кај дамите, во досегашниот дел од турнирот. На патот до четврт-финалето таа успеа да елиминира две Гренд слем шампионки. Откако во четвртото коло ја победи Гарбиње Мугуруса, во осмина финалето, таа ја декласира Швјонтек.
Тенисерката од Полска го доби првиот сет, а потоа доживеа дебакл. Во наредните два сета, Жабур и препушти само два гема.
Многу поголема неизвеснот имаше во дуелот Сабаленка-Рибакина. Белорусинката го доби првиот сет, Казахстанката израмни, во третиот сет беа рамноправни до 3:3, кога Сабаленка го крена нивото на играта, ги искористи сите грешки на противничката и се пласира во четврт-финалето.