Top Sport

„Жената-пајак“ од Индонезија го сруши рекордот во качување по карпа (видео)

Индонезиската „жена-пајак“, Ариес Сусанти Рахају ги воодушеви сите откако постави нов светски рекорд во искачување на карпа.

Натпреварувајќи се на Светскиот куп во Чијамен, Кина, 24-годишната Рахају го искачи 15-метарскиот ѕид за неверојатни 6.995 секунди, оставајќи ја домашната натпреварувачка Јилинг Сонг далеку зад неа.

Ова е првпат една жена да искачи 15 метри за под 7 секунди, а претходниот рекорд го држеше ривалката во финалето, Сонг, која имаше 7.101 секунди во Чонгкинг овој април.

Следната година, „жената-пајак“ ќе може да се натпреварува и за олимписко злато, бидејќи спортот е на програмата на Олимпијадата во Токио.

Scroll to Top