Top Sport

Женскиот тенис има нова кралица

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД и од понеделник ќе биде првата тенисерка на ВТА листата.

Рибакина ја победи Жинвен Женг во четвртфиналето со резултат 3:6, 6:1, 6:4 за два часа и 14 минути.

Казахстанската тенисерка никогаш во кариерата не била рангирана на првото место на ВТА листата, а досега освоила два Гренд слем турнири, Вимблдон во 2022 година и Отвореното првенство на Австралија оваа година.

Рибакина за прв пат се пласираше меѓу првите четири на Гренд слем турнирот во Њујорк, а нејзина следна противничка ќе биде победничката од натпреварот помеѓу Коко Гоф и Мира Андреева.

Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе се сретнат во првото полуфинале на Отвореното првенство на САД.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');