Top Sport

Џетини победи на Охридскиот маратон

Франческо Џетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на 32. издание на Охридскиот пливачки маратон, што денеска се пливаше во водите на Охридското езеро.

Оваа година маратонот се пливаше на делница од 25 километри, која апсолутниот победник Франческо Џетини ја мина за 5.13.59.62 часа.

Во неизвесниот финиш, втор целта во машка конкуренција ја мина Едуардо Сточино (Италија) со време 5.14.10.72 часа, трет беше Андреа Бјанки (Италија) 5.14.11.69 часа. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и нашиот Евгениј Поп Ацев, кој за жал овој пат не заврши на подиумот.

Второто место во женска конкуренција го освои Ана Олас од Унгарија, а трета беше Аличе Франко од Италија.

Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година самостојно го организира Пливачката федерација на Македонија со поддршка на ФИНА, изнесува 15.000 американски долари.

извор: ohridnews.com

Scroll to Top