Top Sport

Жила победи на леталницата во Кулм

Полјакот Пјотр Жила победи на скоковите што се одржаа на леталницата во Кулм, Австрија.

Жила победи со скоковите од 225,5 и 219,5 метри (418,5 поени) Ова за Жила е втора победа во кариерата, првата ја забележа пред седум години, во март 2013 година.

На второто место се пласираше Словенецот Тими Зајц, а на третото место заврши миленикот на домашната публика Штефан Крафт. Водечкиот по првата серија Германецот Кар Гајгер на крајот го освои четвртото место.

Крафт е лидер во Светскиот куп со 1.173 поени, зад него се Гајгер со 1.095 и Кубацки со 985 поени.

Најдобрите ски-скокачи остануваат во Кулм, каде утре ги очекува нов натпревар.

Scroll to Top