Top Sport

Клоп: Јувентус го има најдобриот тим што сум го видел во животот

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп во разговор за „Гардијан“ открил дека Јувентус на почетокот на сезоната му делувале како најголеми фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Јирген Клоп со Ливерпул сезонава ја бранат титулата во ЛШ, а Јувентус е еден од тимовите чија цел е европскиот врв.

„Пред неколку месеци, на почетокот на сезоната го гледав Јувентус како најголем фаворит за европскиот трон“, рекол Клоп, а потоа малку го „пецнал“ колегата Маурицио Сари дека неговиот тим не доминира во Серија А.

„Очигледно не гледам многу италијански фудбал. Поради тоа не можам да разберам како Јувентус не се први со најмалку десет поени повеќе од останатите. Јувентус има најдобар тим што сум го видел во животот, имаат многу квалитетни фудбалери. Поради тоа е лудост што не доминираат во првенството“.

Ливерпул во осмина-финалето за противник го има Атлетико Мадрид, додека Јувентус ќе игра против Лион.

Scroll to Top