Американскиот пливач, Нејтан Едријан, освојувач на пет златни олимписки медали открил дека му би дијагностициран рак на тестисите.
Болеста била откриена во раната фаза. Тој е сигурен дека ќе им се врати на натпреварите и дека ќе настапи на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
30-годишникот веста ја објави преку социјалната мрежа „Инстраграм“. Открил дека за неколку недели, откако ќе поминела првата фаза на лекувањето, ќе се врати на тренинзите.
„Го откривме ракот во раната фаза, започнав со лекувањето и прогнозите се добри. За неколку недели се враќам во базенот. Целта е да настапам во Токио“, напишал Едријан.
Нејтан Едријан, на ОИ во Лондон во 2012 година, се закити со пет златни медали, во поединечна конкуренција освои злато на 100 метри слободно, а четири пати победи во штафетните трки со репрезентацијата на САД.
Во Рио де Жанеиро во 2016 година, Едријан освои сребро и две бронзи.
„Животот е трка на 100 метри слободно, тежок и брз, така што не можете секогаш да видите што или кој е позади вас“, напишал Едријан.