Top Sport

Жизел „смртно“ му се налутила на Том Брејди зошто немале доволно секс и побарала развод

Легендарниот НФЛ играч Том Брејди се разведува од Жизен Бундшен, една од најпознатите светски манекенки во изминатите неколку децении, а овој процес ја преокупира јавноста во Америка. Наводно, прекрасната Жизел „смртно“ му се налутила на Брејди затоа што ја запоставувал и една од главните причини за разделбата е тоа што немале доволно секс.

Том Брејди замина во пензија, но потоа одлучи да се врати на професионалното играње во НФЛ лигата, а сето тоа ја фрустрирало Жизел Бундшен.

Брејди морал да одржува диета, а лекарите му рекле и да намали со сексуалните односи. Тој не смеел да има секс со сопругата 72 часа пред натпревар.

Манекенката и официјално поднесе документи за развод откако веќе одреден период го живее сама со децата. Ќе следи судски процес за развод, но и поделба на имотот вреден 650 милиони евра.

Scroll to Top