Top Sport

Жолтата маичка за Кристоф – Норвежанецот ја освои првата етапа

Велосипедистот од тимот Емирати Александер Кристоф победи на првата етапа на Трката околу Франција. Првата етапа на 107 издание на најпрестижната велосипедска трка во светот со должина од 156 километри се возеше околу Ница.

Норвежанецот дојде до четвртата етапна победа во кариерата откако во спринтерскиот финиш го победи светскиот рпвак Мадс Педерсен кој вози за Трек-Сагафред. Првата етапа на Тур д’Франс на третото место ја заврши Кес Бол од тимот Санвеб.

Кристов стана вториот Норвежанец, по легендарниот Тор Хусховд, кој ја облекол жолтата маичка.

Бранителот на титулата Еган Бернал првата етапа ја заврши на 45 место со 16 секунди послабо време од победникот Кристоф. Неговиот главен конкурент се позиционираше на 39 место.

Утре на Тур д’Франс ќе се вози уште една етапа околу Ница кој ќе биде долга 186 километри.

Scroll to Top