Top Sport

Зимските игри во 2030 година ќе се одржат во Франција

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави дека Франција ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година. ИОК исто така потврди дека најголемиот град во сојузната американска држава Јута, Солт Лејк Сити, ќе биде домаќин на Зимските игри четири години подцна.

Зимските олимписки во 2030 година треба да се одржат од 1 до 17 февруари, додека Параолимписките игри ќе следат од 1 до 10 март. Игрите ќе се одржат во француските Алпи, односно во Горна Савоја, Савоја Брајансон и Ница.

ИОК ја прифати кандидатурата на Франција, но со приложени услови и потпишување гаранции од претседателот Емануел Макрон.

Членовите на ИОК ги прифатија неговите гаранции и го одобрија со 84 гласа „за“, четири против и седум воздржани.

ЗОИ по четврти пат ќе се одржи во Франција. Претходно, Игрите се одржаа во Шамони во 1924 година, Гренобл во 1968 година и Албервил во 1992 година.

Scroll to Top