Во сабота навечер не чека еден од најголемите мечеви во историјата на УФЦ, кога во октагонот во Лас Вегас ќе излезат Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во меч во лесна категорија.
Атмосферата дефинитивно се крена, откако и Златан Ибрахимовиќ, кому САД од неодамна му е дом по трансферот во Лос Анџелес галакси, го прогнозираше победникот на мега-дуелот.
„За мене ММА е едно големо шоу, а Конор секогаш го носи шоуто со себе. Затоа е толку сакан. Но, Хабиб ме потсетува на Федор Емелианенко. Тој беше тивок, студен, а кога ќе влезеше во рингот се гледаше дека е поинаков. Истото го гледам во Хабиб, и мислам дека тој ќе победи, бидејќи кога ќе те фати не те пушта. Мислам дека е во подобра форма од Мекгрегор. Ако Ирецот сака да победи, тогаш ќе мора да го направи тоа во првите две рунди, бидејќи подоцна ќе ја загуби предноста. Ако Конор те ’зафати’ со левата рака, тогаш одиш на спиење“, коментира Ибрахимовиќ.