Top Sport

Злато и олимписки рекорд за Схаутен, Пехштајн влезе во историјата на ЗОИ

Ирене Схаутен од Холандија, освои златен медал во Пекинг, со време на нов олимписки рекорд. Схаутен победи во брзо лизгање, во дисциплината 3.000 метри. Холанѓанката во целта влезе со резултат 3:56,93 минути. Претходниот рекорд беше во сопственост на Германката, Клаудија Пехштајн од Солт лејк сити во 2002 година.

Покрај Схаутен, место на победничкиот пиедестал обезбедија сребрената Франческа Лолобриџида од Италија (3:58,06) и бронзената Изабеле Вајдеман од Канада (3:58,64).

Претходната рекордерка, Клаудија Пехштајн, денес го запиша своето име во историјата на Зимските олимписки игри. Таа е првата жена која осум пати се натпреварувала на Зимските олимпијади.

Ваков подвиг во машка конкуренција има забележано легендарниот ски скокач од Јапонија, Норијаки Касаи.

49-годишната Пехштајн натпреварот го заврши на последното место.

 

Scroll to Top