Top Sport

Злато и светски рекорд за Моли О’Калахан

Моли О’Калахан го одбележа четвртиот ден од натпреварите во пливање на Светското првенство во Фукуока.

Во одлична трка на 200 метри слободен стил, Австралијката ја победи фаворизираната сонародничка Ариарна Титмус и го собори светскиот рекорд на Федерика Пелегрини стар 14 години.

Таа на целта стигна за 1:52.85 минути и ја надмина славната Италијанка за 13 стотинки. Титмус беше втора со време 1:53.01, додека Самер Мекинтош заврши на третото место со 1:53.65, со нов светски јуниорски рекорд.

Во одличната трка на 800 метри слободно, Тунижанецот Хафнуи му се одмазди за поразот на Австралиецот Шорт на 400 метри слободно. Хафнуи се одлепи на последните 50 метри за да победи за 7:37.00 минути. Шорт, со рекорд на Океанија, беше втор со 7:37,76, додека Американецот Боби Финкс заврши трет со 7:38.67.

Според очекувањата, Кинезот Чин кој поббеди на 100 метри градного освои златниот медал и на двојно пократката патека. Неговото време од 26.29 беше доволно за златото. Зад себе ги остави Американецот Финк (26,59) и сонародникот Сан (26,79).

И Леон Маршанд стигна до второто злато. Светскиот шампион во 400 мети мешано беше најбрз и на 200 градно со 1:52,43. Полјакот Чмилевски го освои среброто со 1:53.62, а бронзата и припадна на јапонската Хонда со 1:53.66.

Денот заврши со мешаната штафетна трка (двајца мажи и две жени) 4х100 мешано. Благодарение на одличниот Чин, Кина победи со 3:38.57. Втората беше Австралија, бронзата ја освои штафетата на САД.

Scroll to Top