Алкесандар Бољшунов го освои третото злато на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој победи на трката на 30 километри масовен старт. Инаку, оваа трка требаше да биде на 50 километри, но поради лошите временски услови, температура од -15 степени Целзиусови и силен ветер, организаторите решија да ја скратат. Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада, во конкуренција на 59.натпреварувачи трката ја заврши на 56.место. Зад Бољшунов тој задоцни 14 минути и девет секунди.
Бољшунов го диктираше темпото од самиот почеток, ги искористи проблемите што ги имаа Норвежаните со скиите и на крајот победи со време 1:11:32,7 часа.
Зад него во целта влезе сонародникот, Иван Јакимушкин со 5,5 секунди послаб резултат. Херојска трка имаше Симен Хегстад Кругер. Норвежанецот директно од карантин се појави на патеката. Тој спречи целосна доминација на Русите, зад него во целта влезе Артјом Малцев.
Бољшунов во Пекинг победи во скијатлон, на 30 километри и во штафетата 4×10 километри. Пред четири години во Пјонгчанг тој освои три сребра и една бронза.