Top Sport

Злато за Кина во брзо лизгање

Микс штафетата на Кина, го освои златниот медал во брзо лизгање на кратки патеки. Штафетата на домаќинот на Зимските олимписки игри, успеа да влезе во А-финалето, откако во полу-финалето казни добија Русија и САД.

Кина, во финалето, победи пред Италија и Унгарија.

Штафетата на Унгарија, до бронзениот медал дојде откако заслужена казна доби штафетата на Канада.

Кина победи со време 2:37.348 минути, Италија забележа време 2:37.364, а Унгарија бронзата ја освои со резултат 2:40.900 минути.

Scroll to Top