Италијанецот Доминик Парис го освои златниот медал на Светското првенство во дисциплината Супер-џ. Светското првенство во скијање започна вчера и до 17 февруари ќе се одржува во Оре, Шведска.
Парис, во Оре ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона и успеа да ја победи конкуренцијата во Супер-џ со време 1:24.20 минути. Парис во Шведска го освои вториот медал на светските првенства, тој претходно има освено сребро во спуст во 2013 година.
Ова трка ќе остане забележана во историјата бидејќи се доделени два сребрени медали, откако идентично време (1:24.29), во целта забележаа Јохан Клери од Франција и Винсент Крихмаер од Австрија.
Следната дисциплина во која скијачите ќе се борат за медалите е спустот в сабота. Утре во Оре дамите ќе се натпреваруваат во комбинација.