Top Sport

Златото пак ни „избега“, Македонија поразена од Данска во Струмица

Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да стигне до златото во Европската Сребрена лига, откако загубија со 1:3 (25:23, 19:25, 25:27, 19:25) од Данска во големото финале во Струмица.

Ова е четврти пат во историјата на македонската одбојка да се освои сребрениот медал, откако во третиот меч со Данците, темпото потфрли по освоениот прв сет. Данска лесно го доби вториот сет, по што следуваше огромната битка во третиот сет, во кој имавме 23:22 предност, но на крајот го загубивме со 25:27.

Никола Ѓорѓиев заврши со 19 поени, Љафтови маше 13, додека кај Данска Матс Јенсен не „растури“ со 30 поени. Претходно, во борбата за бронзата, Унгарија имаше 2:0 водство, за во драматичен финиш да стигне до 3:2 победа над Хрватска и третото место.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Scroll to Top