Дарја Домрачева и покрај маките на стрелиштето отскија совршено за да и донесе на Белорусија злато на 4х6 километри штафетата во биатлон, трка одржувана на силен снег.
Хана Еберг се врати од заостанување од речиси една минута за да освои сребро за Шведска со 10.7 секунди заостанување, додека Анес Бескон беше бронзена за Франција. Временските услови придонесоа за тешка и тесна трка во која водството се менуваше со речиси секое застанување на стрелштето, каде што ветерот направи посебен проблем.
Италија, Полска, Франција и Словачка беа во игра за подиумот, пред Домрачева, освојувачка на сребро во трката со масовен старт го крена темпото и направи предност и покрај грешките на стрелиштето. 31-годишната ветеранка имаше време да го грабне белоруското знаме, меѓутоа, тоа излета пред целта и на крајот таа остана само со палката.
Еберг заостануваше речиси минута од пласман на подиумот, меѓутоа 22-годишната шампионка во индивидуалната трка успеа да направи импресивен кам-бек за сребро, а на целта ја пречека шведскиот крал Карл Густав.
Darya Domracheva celebrating 4x6KM Relay Finish, but Belorussian Flag Wants No Part Of It https://t.co/3VAtohg5t3 pic.twitter.com/KDtgVIvZvg
— ValuBit News (@ValuBit) February 22, 2018