Top Sport

Не верувале дека ќе го минат Исланд, лумпувале низ Загреб

Претседателот на ракометниот сојуз на Србија (РСС) Божидар Ѓурковиќ за српските медиуми потврдил дека извештајот на селекторот Јовица Цветковиќ за настапот на репрезентацијата на ЕП во хрватска бил испратен до Сојузот.

Во извештајот меѓудугото пишува дека репрезентативците не верувале дека можат да го победат Исланд и дека во втората фаза наместо да мислат на противниците тие секоја вечер лумпувале низ Загреб.

„Сметам дека е недозволиво на таков начин на ЕП во Хрватска да се нарушува угледот на Србија. Пред решавачкиот меч со Исланд дознав дека седум играчи веќе резервирале авионски билети за враќање во Србија. Играчите лумпуваа по Загреб до раните утрински часови. Добив потврда од хрватската полиција која се грижеше за новната безбедност по ноќните клубови“, напишал селекторот во извештајот што го испратил до РСС.

Scroll to Top