Top Sport

ЗОИ: Пајфер ги изненади биатлонските фаворити

Германецот Арнд Пајфер ги искористи казните на главните фаворити за да го „грабне“ златото на биатлонската трка на 10 километри-спринт на студот во Пјонгчанг.

Пајфер, откако немаше утка на двете посети на стрелиштето победи со време од 23:38.8 пред Чехот Михал Крчмар и Италијанецот Доминик Виндиш во неверојатен подиум.

„Навистина е лудо, бидејќи не очекував дека е возможно јас да бидам победник. Не бев аутсајдер, но не сум еден од најголемите фаворити. Сега ќе одиме на големо пиво, не тоа од половина литар“, вели 30-годишниот Пајфер.

Со оваа неочекувана победа, Германија ги има двете спринтерски биатлонски титули, откако женскиот спринт го доби Лаура Далмаер.

Освојувачот на последните пет титули од Светскиот куп, францускиот офицер Мартин Фуркад, имаше две утки и на крајот заврши на осмото место без медал.

Scroll to Top