Норвешка преку Словенија избори пласман во четвртфиналето на хокераскиот турни на Зимските олимписки игри. Норвешка по продолжението славеше над Словенија со 2:1.
Словенија во вотрникот ја потресе веста дека играчот Жига Јеглич паднал на допинг тестот, а неколку часа подоцна доби нов удар, откако со поразот од Норвешка го завршија учеството на ЗОИ.
Словенците водеа со голот на Јан Урбас во седмата минута, а резултатот го израмни во 44.минута Томи Кристијансен.
Во продолжението херој на Норвежаните стана Александар Бонсакер кој го постигна голот за победа.
Норвешка во четвртфиналето ќе игра против Русија (Олимписки спортисти од Русија).
Меѓу најдобрите осум веќе се пласирани и Канада, односно Шведска како победници на своите групи, додека САД со осминафиналната победа над Словачка избори четвртфинале со Чешка.