Францускиот биатлонец Мартин Фуркад го освои златниот медал во потерата на 12,5 километри на ЗИмските олимписки игри во Пјонгчанг.
Фуркад, по разочарувачкиот настап во спринт, во Јужна Кореја успеа да го одбрани златниот медал што го освои пред четири години на Игрите во Сочи.
Францускиот бијатлонец во целта за 12 секунди имаше подобар резултат од Швеѓанецот Себастијан Самуелсон и сонародникот Бенедикт Дол.
Фуркад е првиот бијатлонец кој успеал да ја одбрани титулата на ОИ игри во двете конкуренции.
Инаку сензационалниот победник во спринт Германецот Арнд Пајфер потерата ја заврши на осмата позиција.