Германецот Андреас Велингер победи во квалификациите на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ден пред свеченото отворање на Игрите на скокалницата излегоа 57 натпреварувачи.
Германецот Велингер го освои првото место со скокот од 103 метри што му донесе 133,5 бода.
Второто место му припадна на Камил Стох од Полска кој имаше скок од 104 метри, но освои 131,7 бода, а како трет заврши неговиот сонародник Давид Кубацки 104,5 метри (129,6 бода).
Финалето во ски скоковите е на 10.февруари.
Церемонијата на свеченото отворање на ЗОИ во Пјонгчанг на програмата е в петок од 12 часот.
Andreas #Wellinger gewinnt die Qualifikation für den ersten Wettkampf in #PyeongChang ?? Auf der Normalschanze siegt er vor den beiden Polen Kamil #Stoch und Dawid #Kubacki ??? #4hills #skijumping pic.twitter.com/ptYEWSep6e
— Vierschanzentournee (@vier_schanzen) February 8, 2018