Top Sport

Зошто Надал навива за Реал, иако неговиот чичко играше за Барселона?

Рафаел Надал доаѓа од Мајорка, остров на кој се зборува каталонскиот јазик, каде што многумина се страствени навивачи на Барселона, но тениската суперѕвезда место во срцето има само за Реал Мадрид.

Оваа ситуација е уште понесфатлива ако се знае дека неговиот чичко (брат на неговиот татко) Мигуел Анхел Надал осум години беше фудбалер на Барселона. Другиот негов чичко, и долгогодишен ментор и тренер Тони Надал ја објаснува ситуацијата во интервју за „Тенис италијано“.

„Неговиот татко навива за Реал Мадрид, така што тоа го префати од него, иако и Себастијан (таткото на Рафа) навиваше за Барселона додека Мигуел Анхел играше за нив. Јас, пак, секогаш сум навивач на Барселона. Рафаел добро го познава фудбалот, но не го разбира премногу и уште не сака да признае дека Меси и Барселона се посилни“, вели 58-годишниот Тони Надал.

Инаку Рафа Надал го носи името на неговиот дедо, а покрај Тони, Себастијан и Мигуел Анхел, тој има и тетка Магдалине Надал.

 

Scroll to Top