Александер Зверев се пласираше во четврт-финалето на САД опен со еднострана 6:2/6:2/6:1 победа над Алехандро Давидович Фокина, прекинувајќи ја добрата серија на 21-годишниот Шпанец.
Давидович Фокина ги совлада Камерон Нори и Хуберт Хуркач во претходните мечеви во Њујорк, но немаше одговор против петтиот носител, кој имаше 18 аса и освои седум од своите десет брејк топки и го заврши мечот со директни 38 победнички топки. Давидович Фокина страдаше во финишот на мечот со повреда на ногата и имаше проблеми со движењето.
25-годишната Американка Џенифер Брејди прва се пласираше во четврт-финалето кај дамите, откако со 6:1/6:4 ја збриша поранешната шампионка, Германката Анџелике Кербер. Ова е прво четврт-финале на гренд слем турнир за Брејди, која го освои првиот сет за сасмо 22 минути.
Следна за Брејди е Казахстанката Јулија Путинцева, која со 6:3/2:6/6:4 ја победи Хрватката Петра Мартиќ.