Александар Зверев се огласи на социјалните мрежи по обвинувањата кои на социјалните мрежи ги изнесе неговата поранешна девојка Олга Шарипова. Таа го обвини тенисерот дека додека физички ја злоставувал. Зверев ги негира овие нејзини наводи.
„Тажен сум поради овие неосновани обвинувања. Се познаваме ушто од кога бевме деца, многу работи минавме заедно. Жалам што го кажала тоа, бидејќи едноставно нема вистина во нејзините зборови. Бевме во врска, се разделивме пред долго време. Не знам зошто Олга сега ова го зборува“, рекол Зверев.
На овие зборови експресно реагираше Шарипова.
„Мојата приказна штотуку започна. Не знам дали ова го пишуваш ти или твојот администратор на Инстаграм. До сега немаше храброст директно да ми одговориш. Јас не лажам, тоа двајцата го знаеме. Не се плашам да ја кажам вистината“.
Инаку ова е само еден од проблемите со кои Зверев се соочува овие денови. Пред неколку дена неговата поранешна девојка, Бренда Патеа, го известила дека носи негово дете и дека нема намера да дозволи двојно старателство.
Поранешната девојка го обвини Зверев дека физички ја злоставувал