Top Sport

Зверев го декласираше Рубљов за Мастерс круната од Синсинати

Александер Зверев покажа дека ќе биде еден од најсериозните кандидати за титулата на САД опен во Њујорк, откако со неверојатна леснотија стигна до својата петта АТП Мастерс 1000 титула во Синсинати, победувајќи го својот близок пријател, Русинот Андреј Рубљов со 6:2/6:3.

Германецот беше во маестрална форма во Синсинати, каде што во полуфиналето имаше епска победа во три сета над Стефанос Циципас, а во финалето беше апсолутно доминантен, завршувајќи го за само 58 минути, што е најкраткото финале во историјата на турнирот во Синсинати.

Зверев има одлична низа од 11 победи едноподруго, откако на Олимпијадата во Токио го освои златниот медал.

Scroll to Top