Германскиот тенисер број 1, Александер Зверев го совлада исфрустрираниот Ник Кирјос за обезбеди 3:1 победа над Австралија во првото коло од Светската група во Дејвис купот.
Зверев победи со 6:2/7:6(3)/6:2 во Бризбејн за да ѝ обезбеди на Германија четврт-финале против Шпанија или Велика Британија. Кирјос имаше проблеми со лактот и со нервозата во текот на мечот и 20-годишниот Зверев го искористи тоа и се соочи со само два брејка во мечот.
??????????
Germany wins!!! Alexander #Zverev defeats #Kyrgios 62 76(3) 62 to send Germany into the #DavisCup quarterfinals!!
??1⃣?3⃣?? pic.twitter.com/Q4hRghCgOI
— Davis Cup (@DavisCup) February 4, 2018
„Се надевам дека со ова само почнуваме. Прекрасно е да се биде во четврт-финалето и морам да се заблагодарам на моите колеги за победата“, изјави Зверев.
22-годишниот Кирјос влезе во мечот со големи очекувања откако го победи Јан-Ленард Штруф во првиот меч во петокот. Но, како се движеше мечот, тој имаше сè повеќе проблеми со лактот и неколку пати ја загуби самоконтролата.
„Мојот сервис е мојата најголема сила и едноставно не можев да направам ништо повеќе“, вели Кирјос.
Во четврт-финалето се и Италијанците, откако Фабио Фоњини доби уште еден маратон во пет сета за 3:1 победа над Јапонија. Фоњини се врати од меч-поен за 3:6/6:1/3:6/7:6(6)/7:5 победа над Јуичи Сугита во „Мориока Такаја“ арената. Италијанскиот светски број 22 помина над 11 часа на теренот во победата над Јапонија.