Тешката победа на Рафаел Надал над Стефанос Циципас на крајот не беше важна, откако актуелниот шампион Александер Зверев со 6:4/7:6(4) го победи Русинот Данил Медведев и се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Лондон, каде што ќе игра со победникот од другата група, Доминик Тим. Циципас, пак, го очекува „лута“ пресметка со Роџер Федерер.
Зверев имаше променлива сезона, но исто како и лани во ноември беше во топ форма, победувајќи го лесно Надал во првиот меч, за потоа да загуби во тешка битка со Циципас.
Сега, тој ќе има шанса за пласман во финалето утре да се бори со Австриецот Доминик Тим, а од „старата гарда“ по елиминацијата на Надал и на Новак Ѓоковиќ, остана само Роџер Федерер да ја брани честа на тенисерите со над 30 години.
#NittoATPFinals semi-finals are SET
?? Thiem v Zverev ??
?? Tsitsipas v Federer ??Who makes the final?
— Tennis TV (@TennisTV) November 15, 2019