Top Sport

Зверев го шокираше Надал во Мадрид, Медведев ќе биде светски број 2 во понеделник

Рафаел Надал нема да се бори за својата шеста титула од Мадрид опен, откако Александер Зверев во фантастичен меч со 6:4/6:4 го изненади светскиот рекет број 2 и закажа полуфинале со Австриецот Доминик Тим, кој се намачи за 3:6/6:4/6:4 победа над Американецот Џон Изнер.

Овој резултат значи дека од понеделник, Надал ќе го загуби второто место на АТП листата од Русинот Данил Медведев, и не е совршена подготовка пред походот по 13-та титула од Ролан Гарос.

На силното сонце во Мадрид, Надал првиот сет го започна одлично и направи брејк за 4:2 водство, но Германецот се врати веднаш со рибрејк, и потоа освои четири последователни гема за да го запечати првиот сет. Надал, конечно, освои гем за 1:1 во вториот сет, но потоа неговото ниво на игра падна и Зверев направи брејк за импресивна победа.

Во другите два четвртфинални дуели играат Кристијан Руд и Александер Бублик, односно Матео Беретини и Кристијан Гарин.

Scroll to Top