Top Sport

Зверев и Бруксби играа тенис до 5 сабајле

Александар Зверев, спаси две меч топки и на крајот го победи Џенсон Бруксби, во првото коло на АТП турнирот во Акапулко.

Зверев и Бруксби одиграа уникатен тениски меч, започна во 1:35 часот, а заврши во 4:54 часот по локално време.

Бруксби го доби првиот сет со 6:3, вториот му припадна на Зверев во тај-брејкот со 12:10 откако успеа да спаси две меч топки. Сетот траеше 111 минути.

Решавачкиот сет лесно го доби Германецот со 6:2.

Во второто коло Зверев ќе игра против сонародникот Питер Гојовчик.

 

Scroll to Top