Top Sport

Зверев избори место на Завршниот мастерс

Александар Зверев избори пласман на Завршниот турнир во сезоната. Германецот пласманот на турнирот во Торино, го потврди со победата над Џејсон Бруксби, во второто коло на мастерсот во Индијан Велс.

„Ова е мојата најдобра сезона во кариерата. Среќен сум што се пласирав на Завршниот мастерс. Сакам да играм во Италија, фановите страствено навиваат. Во Италија сум бележел добри резултати, се надевам дека така и ќе продолжам“, рекол Зверев.

Германскиот тенисер петта година по ред ќе учествува на турнирот на најдобрите осум тенисери во сезоната. Во 2018 година, во Лондон, тој го освои трофејот.

Претходно пласман на Завршниот настап изборија Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Завршниот мастерс во Торино ќе се игра од 14. до 21.ноември.

Scroll to Top