Top Sport

Зверев ја донесе третата Лејвер куп титула за Европа

Германецот Александер Зверев со 6:4/3:6/10:4 беше подобар од Милош Раонич во последниот меч од Лејвер купот за да ја донесе третата титула за Европа од тенискиот Лејвер куп во Женева.

Со оваа победа, Европа го комплетираше кам-бекот против Остатокот од светот за да стигне до 13:11 победа. Европските тенисери го освоија и Лејвер купот, кој го носи името на австралиската легенда Род Лејвер во 2017 и 2018 година. Турнирот е ко-основан од Роџер Федерер, кој е главен промотор на турнирот.

Федерер прво денеска со 6:4/7:6(3) го победи Џон Изнер, пред Тејлор Фриц да го совлада Доминик Тим со 7:5/6:7(3)/10:5 и да го донесе Остатокот од светот во водство од 10:11. Меѓутоа, во мечот кој вредеше три поени, Зверев остана концентриран за победа над Канаѓанецот Раонич. Зверев втора година по ред го освојува победничкиот поен за Европа.

Рафаел Надал денеска требаше да игра во сингл и во двојки со Роџер Федерер, но се повлече од турнирот поради повреда на зглобот на раката.

Scroll to Top